183
Ремзи во Јувентус пристигна од Арсенал како слободен играч во 2019 година. Неговиот актуелен договор со италијанскиот клуб трае до јуни 2023 година.
Јувентус сака да се ослободи од Ремзи уште во јануари. „Калчомеркато“ пишува дека има три клуба кои се заинтересирани за него, тоа се Евертон, Лидс и Њукасл.
Лидс би го донел Ремзи на позајмица до крајот на сезоната, а потоа би ја разгледал можноста за купување.
Додека Евертон и Њукасл би сакале веднаш да го ангажираат перманентно.
Но, платата на Ремзи во Јувентус изнесува 7 милиони евра годишно, па клубот кој ќе го ангажира веројатно ќе треба добро да се потроши.