Тргна и Примера, Севиља го доби градското дерби против Бетис (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито на Андалузија кое се играше на „Санчез Писхуан“ го доби Севиља која има одлична сезона, Бетис беше немоќен.

Првото полувреме се одликуваше со динамичен фудбал, но немаше премногу чисти шанси за гол, мрежите мируваа.

Во 56. минута судијата покажа на белата точка за Севиља, изгледаше како тоа да е престрога одлука, но ниту ВАР не ја промени одлуката. Окампос го реализираше пеналот за водство на домаќините од 1-0.

Само шест минути подоцна по асистенција од Окампос, Фернандо постигна гол и го поставува конечниот резултат од 2-0.

Денеска се играат два нови натпревари, од 22 часот има ново градски дерби, Валенсија го пречекува Леванте на нашиот Барди. Во другиот меч Гранада е домаќин на Хетафе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани