Трета титула во низа за Црвена звезда во Србија, навивачите се собраа да прослават (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Белградска Црвена
звезда со убедливата победа на гостински терен кај Рад со 0-5 ја осигура
новата, трета титула во низа во најсилниот фудбалски шампионат на Србија, и тоа
по 27 одиграни кола во тамошната Суперлига.

Избраниците на
Дејан Станковиќ со денешната победа дојдоа до 14 бода предност во однос на
второпласираниот Партизан, кој воедно има и меч помалку, на три кола до крајот
на актуелната сезона.

Со ова, Црвена
звезда дојде до 31. титула во националниот фудбалски шампионат на Србија, а трета
пат во клупската историја дојдоа до три титули во низа, по оние од 1968-70,
односно 1990-92.

Инаку низ улиците на Белград, навивачите на Црвена звезда ги поздравија фудбалерите, а воедно и славеа за титулата, и покрај опасноста која и натаму демне поради пандемијата од коронавирусот.

Фото-вест: crvenazvezdafk.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×