64
По Чезаре и Паоло, нов Малдини почнува да му носи радости на Милан, Даниел го постигна својот прв гол во Серија А.
19-годишниот Даниел Малдини денеска го имаше своето деби како стартер во Серија А и успеа да ги освои насловните страници.
Течеше 48. минута кога Калулу нафрли, а Малдини погоди со глава за водство на Милан од 1-0.
Специја израмни во 80. минута со гол на Верде, но седум минути подоцна гол даде Брахим Дијаз за победа на Милан од 2-1.