Тренерот на Палермо: Несторовски не може сам

by
1 минути читање

Па двата добри натпревари под водство на Диего Лопез, Аталанта го врати Палермо во реалноста.

Тимот од Бергамо
поладнево славеше со 1-3 на гостувањето кај Илија Несторовски и Александар
Трајковски во Сицилија.

„Загубивме многу
топки на дел од теренот каде тоа е недозволиво
– рече тренерот на Палермо по крајот на натпреварот.

„Аталанта е добар
тим кој знае да казни, направивме премногу грешки
.

Диего Лопез исто
така ги повика своите играчи да му дадат поголема поддршка на Илија
Несторовски, кој е далеку најдобар стрелец на тимот со 9 погодоци.

„Несторовски не
може сам, потребно е да му помогнеме, она што го правиме не е доволно. Треба да
креираме повеќе шанси за него и останатите во нападот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани