Тешко дека некој
во најсилниот фудбалски шампионат во Бугарија ќе ја сопре неколку годишната
доминација на Лудогорец, а очајни напори оваа сезона прави ЦСКА Софија, која
заостанува само три бода зад лидерот по 26 одиграни кола.
Дербито помеѓу
двата претенденти за титулата вчера заврши нерешено со резултат 1-1, а
најинтересното нешто од таа пресметка во Софија се случи во финишот каде
домашниот тренер, Србинот Нестор Ел Маестро на доста интересен начин се одлучи
да побара поголемо судиско продолжение на средбата.
Ел Маестро не
беше задоволен од тоа што мечот беше продолжен само две минути по истекот на
регуларните 90 минути, па се реши да клекне на колена пред четвртиот судија за
да побара многу повеќе од тоа.