Шефот на
стручниот штаб на Брентфорд, Томас Франк побара претстојниот викенд да има
пауза во Премиерлигата поради големиот раст на заразени со ковид-19 во
клубовите, за што наводно имало согласност и од останатите тренери.
Истовремено, за
време на пресконференцијата Франк ја дозна и новата бројка заразени во тимот,
вкупно 13, некои фудбалери, а некои и од стручниот штаб, за што тој јавно
побара пауза на првенството.
„Сметам дека
треба да го одложиме цело коло овој викенд, случаите со ковид-19 се искачија
мошне високо, сите се соочуваат со проблеми во екипите“ рече Франк.
„Одлагањето на
сите би им донело една седмица за да се решат низа проблеми по ова прашање, со
тоа ќе се овозможи и услови за тренирање, во фудбалот се случуваат блиски
контакти, сите сме заедно во соблекувалните, патуваме заедно, навистина е тешко
да се работи во домашни услови“ додаде тој.
„Ние целосно го
почитуваме тоа што треба да играме, важно е фудбалот да продолжи, а на овој
начин ќе можеме да донесеме сигурност за Боксинг Деј, за истиот да го
реализираме, 100% сум сигурен во ова, Омикрон се шири брзо, мораме да го
сопреме, а тоа можеме да го сториме доколку ги затвориме тренинг центрите на
три, четири или пет денови, а потоа да почнеме одново“ подвлече Франк кој за време на пресконференцијата дозна за четирите нови случаи на ковид-19 во тимот.