Јануарскиот
преоден рок е се’ поблиску, а
сосема нормално, медиумите лицитираат со имиња во однос на потенцијалните
трансфери кои би можеле да се реализираат идниот месец, еден од нив е секако
Калум Вилсон, кој игра во животна форма, а досега постигна 8 погодоци сезонава
во 16 одиграни кола од Премиерлигата.
Вилсон се
споменува како опција за Челси, од каде извесно е дека ќе си замине Алваро
Мората, за кого наводно интерес постои од Барселона со што тимот од Лондон би
останал со Оливие Жиру, па јасно е дека ќе треба да се бара адекватно
засилување во нападот.
Сепак, стратегот
од клупата на Борнмут, Еди Хау категорично ја отфрла опцијата за продажба на
Вилсон, особено во јануарскиот преоден рок, за што истакна дека не сака никој
да си замине од тимот, особено не оние кои имаат големо значење за тој состав.
„Да, ние ќе го
сториме тоа“ одговори категорично Хау на прашањето дали клубот ќе го задржи
еден од своите најдобри поединци во составот во јануарскиот преоден рок.
„Во овој период
ние сме фокусирани само на натпреварите, имаме толку многу натпревари кои се
пред нас, особено во периодот околу Божиќ, јас сум убеден дека и Калум е исто
така фокусиран на високо ниво во однос на предизвиците кои не очекуваат“ додаде тој.
„Ние не
посакуваме да загубиме ниту еден фудбалер во јануари, особено не за фудбалери
кои имаат големо значење за тимот“ заклучи Хау.