Тренерот на Барнли влезе во „клинч“ со Клоп по мечот, а има и причина за тоа (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Ливерпул со тешки
маки стигна до трите бода од гостувањето кај Барнли синоќа во редовното 15 коло
во англиската Премиерлига, откако славеше со 1-3, но, триумфот дојде по
пресврт, откако домаќините беа први кои дојдоа до водство на мечот.

Јирген Клоп се
реши за неколку измени во составот на Ливерпул, па така, Арнолд, Салах, Фирмино
и Фабињо почнаа од клупата за резервни фудбалери, само последниот остана до
крајот на средбата на клупата, останатите добија прилика за настап.

По мечот,
стратегот од клупата на домаќините, Шон Дајш имаше замерки до својот конкурент
од спротивниот табор, а камерите уловија како тој имаше нервозна реакција кон
Германецот кој беше зачуден од таа ситуација.

Медиумите на
Островот шпекулираат дека Дајш бил револтиран поради однесувањето на Клоп во
текот на мечот, а обајцата тренери на пресконференцијата по мечот беа запрашани
за таа ситуација.

Само му реков одлично завршена
работа
“ рече Дајш, а Мирор
наведе дека тој бил револтиран од тоа како Клоп вршел постојано притисок врз
судиите во текот на мечот, Германецот ја кажа и својата страна од приказната.

Јас само му реков
на судијата по првиот старт, ја имааше топката и се
беше во ред, му порачав Те молам, кажи им дека не смеат тоа да го
прават
. Тоа не беше
прекршок, но тие не смеат тоа да го прават, сега Гомез е повреден, а тоа не е
мала работа
“ посочи Клоп кој очигледно барал поголема заштита за своите
избраници од Стјуарт Атвел, главниот делител на правдата од синоќешната
пресметка.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/HFPt4NHzcs

Гомез уште во 23. минута од мечот беше заменет со Арнолд, а тој на патерици беше регистриран од медиумите на Островот денеска, откако дефанзивецот мораше на прегледи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани