Тренерот на Барнли има посебна клаузула во договорот со што може да заработува при трансфер на фудбалери

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Барнли може да заработи прилично богата сума при евентуален
трансфер на Двајт МекНил или било кој друг фудбалер на Барнли кој воедно
потекнува од академијата на тој клуб.

„Спортсмејл“
објави дека Шон Дајш има посебна клаузула во својот договор со клубот наведена
како „клаузула за развој“ со што му се доделуваат пет проценти при евентуална
продажба на фудбалери кои произлегле од академијата.

Медиумите на
Островот пишувајќи на оваа тема го наведуваат токму МекНил за кого постои голем
интерес, особено од Тотнем, а во последната офанзива на клубот од Лондон за
фудбалерот од средниот ред не дојде до согласност помеѓу обете страни за
бараната сума за обештетување од Барнли во висина од 40 милиони фунти.

При евентуална
продажба на МекНил, како за пример, во една таква ситуација Дајш би имал
заработка од 2 милиони фунти.

Инаку
репрезентативецот на Англија за фудбалери до 21 година се приклучи на
академијата на Барнли на 14 години, откако најпрво своите почетоци ги имаше во
Манчестер јунајтед, а во сениорскиот состав на Барнли дебитираше на 18 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×