Тренерот на Адеми и Ристовски мора да оди во затвор!

by
1 минути читање

Врховниот суд во Хрватска ја потврди пресудата за шест и пол години затов за поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, додека неговиот брат кој во моментов е тренер, Зоран треба да одлежи четири години и осум месеци.

Првичната пресуда за тренерот на Динамо Загреб, беше четири години и 11 месеци, а сега е намалена за три месеци.

Зоран Мамиќ покрај тренерската работа е и спортски директор на клубот, а интересно тоа е позицијата која во минатото ја злоупотреби и е казнет со затворскакта казна.

Златко и Зоран Мамиќ беа осудени за перење на пари и нелегално извлекување на пари од трансфери, затајување на данок. Еден од спорните трансфери беше и тој на Лука Модриќ во Тотнем.

За разлика од Зоран Мамиќ кој остана во Хрватска и е тренер на Динамо Загреб. Златко Мамиќ уште пред три години избега во Босна и Херцеговина.

Се уште не се знае од кога Зоран Мамиќ ќе почне да ја извршува затворската казна, но се очекува наскоро да си поднесе оставка од тренерската функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани