„Треба да ви е срам” – Рој Кин жестоко „распали“ по Ливерпул и Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Двата најтрофејни
клубови од Англија во последните неколку години се далеку од битката за
титулата и мораат само да се задоволат со топ четири пласман.

Ваквата ситуација
не му се допаѓа на Рој Кин, легендата на „Црвените Ѓаволи“ сега жестоко „распали“
по Ливерпул и Манчестер јунајтед.

„Кога ќе видам
клубови како Ливерпул и Манчестер јунајтед како се радуваат на топ четири
пласман, се срамам
”
–
вели Ирецот.

„Дали мислите
дека Реал Мадрид или Барселона ќе слават топ четири пласман? Нема шанси
”.

„Морате да
освоите трофеј
”.

„Луѓето зборуваат
како топ четири пласман носи големи финансиски придобивки, и за тим како Лестер
тоа е добро
”.

„Но за големи
клубови како Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси или Арсенал, да слават топ
четири пласман? Треба да им е срам
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×