УЕФА ја продолжува истрагата за случајот Негреира, Реал ѝ испратил илијадници документи!

by riste
2 минути читање

УЕФА потврди дека добила огромна документација од Реал Мадрид за случајот Негреира, кралскиот клуб бара санкции за Барселона.

УЕФА потврди дека ги примила документите од Реал Мадрид за случајот Негреира.

„УЕФА може да потврди дека од Реал Мадрид доби значајна количина документи поврзани со тековната истрага против ФК Барселона во врска со случајот со Хосе Марија Енрикез Негреира, поранешен потпретседател на Судиската комисија при Кралската шпанска фудбалска федерација (т.н. „случај Негреира“).

Инспекторите за етика и дисциплина на УЕФА исто така ги примија овие најнови документи, кои ќе ги проценат во рамките на нивната тековна ревизија на случајот.“, стои во соопштението на УЕФА.

И Реал Мадрид излезе со соопштение, во кое кажа дека УЕФА отворила истрага.

„УЕФА потврди дека ја прими жалбата на Реал Мадрид и дека истрагата за исплатите на ФК Барселона во последните две децении кон поранешниот потпретседател на Судиската комисија на Шпанија ќе продолжи.

Жалбата на Реал Мадрид вклучува обемна документација и докази во врска со настани од вонредна сериозност, кои директно влијаат врз интегритетот на натпреварувањето и довербата во судискиот систем.

Реал Мадрид смета дека е клучно истрагата на УЕФА сега да се одвива што е можно побрзо сè до нејзино целосно завршување, како и надлежните органи да ги донесат соодветните одлуки во согласност со сериозноста на утврдените факти.

Клубот ќе продолжи активно да соработува со УЕФА и ќе ги преземе сите расположливи дејствија за да помогне во расчистувањето на настаните што ги смета за неспојливи со принципите на интегритет, транспарентност и фер-плеј, кои мора да владеат во европскиот фудбал.“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Според „АС“, Реал Мадрид испратил илијадници документи со вкупно околу 50.000 страници и изјави од сведоци.

Што всушност е случајот Негреира?

  • Даночните власти во Шпанија открија дека ФК Барселона во периодот од 2001 до 2018 година му исплатила преку 7,3 милиони евра на Хосе Марија Енрикез Негреира, преку компании во негова сопственост.
  • Во тоа време Негреира беше потпретседател на Судискиот комитет на Шпанската фудбалска федерација (CTA), односно втор човек на судиската организација.
  • Шпанското обвинителство покрена истрага и поднесе обвиненија за спортска корупција, фалсификување документи и несовесно работење, со сомнеж дека плаќањата имале за цел Барселона да добие поволен судиски третман на натпреварите.
  • Од Барселона тврдат дека исплатите биле исклучиво за технички судиски извештаи, анализи на судиите и видеоматеријали за младински играчи — практика што ја користат и други клубови — и негираат било каков обид за поткупување или местење натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×