Трансферот на Педро од Рома во Лацио ќе биде историски

by
0 минути читање

Во наредните денови се очекува да се комплетира трансферот на Педро од Рома во Лацио, според италијанските медиуми тој е во завршна фаза.

Жозе Мурињо не смета на Педро, тој не беше ниту дел од подготовките, а Маурицио Сари сака да се засили со фудбалерот со кој работеше во Челси.

Тоа ќе биде историски трансфер, во модерно време, ниту еден фудбалер не направил директен трансфер од Рома во Лацио или обратно.

Имало играчи кои настапувале и за двата клуба, еден од последните примери е Коларов, но никој директно не се преселил од едниот во другиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×