По елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампиони, имаше многу гласини за заминување на Кристијано Роналдо од Торино. Проблем е неговата плата од 30 милиони евра за која Јувентус извдојуав уште речиси толку на име на даноци.
Според пишувањата на Тутоспорт, од иднината на ЦР7 зависи и настапот на трансфер пазарот. Спортскиот директор Фабио Паратичи работи на две сценарија, односно кои играчи би биле купен во случај Кристијано Роналдо да остане, и кои фудбалери би биле ангажирани доколку Португалецот замине.
При првото сценарио, Јувентус нема да има многу пари за трошење па ќе се обиде да го донесе Аркадиуш Милик или Мемфис Депај како засилување за нападот. За средниот ред, ќе се избира помеѓу Жоржињо и Мануел Локатели.
Но доколку Кристијано Роналдо замине, Јувентус ќе тргне по звучни имиња, Мауро Икарди и Пол Погба ќе бидат главни трансфер цели.