Трансфер бомба во најава: Винисиус ја прифатил понудата на Арсенал!?

by riste
1 минути читање

Винисус би можел ова лето да се пресели во Арсенал, топчиите силно го посакуваат Бразилецот и нема да штедат за да дојдат до неговиот потпис.

Неколку англиски медиуми пишуваат дека Винисиус ја прифатил понудата од Арсенал, тие се повикуваат на навивачкиот профил „Hand of Arsenal“, кој важи за добро информиран кога станува збор за случувањата во лондонскиот клуб.

Истите извори пишуваат дека Арсенал во наредните денови ќе испрати официјална понуда до Реал Мадрид.

Винисиус ќе биде убедливо најплатениот фудбалер во Арсенал, ќе добие подобар договор отколку тој што го има во Реал Мадрид.

Сепак Флорентино Перез ги негираше ваквите информации дека Вини прифатил понуда од Арсенал.

„Му се јавив на неговиот агент да го прашам дали е тоа вистина, и ми рече дека нема ништо такво“, изјавил Перез.

Се чини дека уште во следната недела ќе се види која е вистината и каде ќе биде иднината на Винисиус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×