Трампата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид под мониторинг на Ла Лига

by
1 минути читање

Се шпекулира дека
Барселона и Атлетико Мадрид се на прагот да се договорат за трампа на Антоан
Гризман, односно Саул Нигез, меѓутоа оваа трампа ќе биде под будно око, односно
мониторинг од страна на Ла Лига.

Во Шпанија практично
трампите не постојат, а наместо трансферите тие се направени независно со
одвоени проценки, а за да се добие на сигурност дека обете страни нема да бидат вплеткани во одредени финансиски трикови, шпанската лига одблизу ќе го следи сиот тој
процес.

Од перспектива на
Барселона, вистинската мотивација за овој договор е всушност да се направи
финансиски простор за реангажманот на Лионел Меси, меѓутоа во случај евентуална продажба на Гризман да изнесува под 72 милиони евра, Каталонците во едно такво
сценарио би биле во загуба.

Дури и Гризман да
си замине, тоа не би било доволно за Каталонците, со тоа што ќе мора да следат
уште неколку други заминувања на фудбалери во седмиците кои претстојат, а Ла
Лига повторно би била инволвирана во блокирање на новиот договор за Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×