274
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски повторно се најде во центарот на вниманието, откако постигна гол само четири минути по влегувањето во игра на дербито меѓу Хајдук и Риека.
Токму неговиот погодок донесе водство од 2:1 за Хајдук, резултат со кој сплитскиот клуб ги задржува шансите за шампионската титула во хрватското првенство до последното коло.
Ова беше само трет погодок за Трајковски оваа сезона, под водство на Гатузо.