Трајковски со волеј носи водство на Македонија во Астана! (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Македонија од 33. минута води со 1-0 на гостувањето кај Казахстан благодарение на гол на Александар Трајковски. Тежок и рамноправен дуел играат Казахстан и Македонија, ние поведовме благодарение на грешка на домаќините која ја искористи Трајковски.

Откако погреши еден дефанзивец на Казахстан, топката дојде до Миовски кој додаде до Трајковски, топката зафати и еден домашен фудбалер па му легна на Македонецот на волеј кој ја погоди мрежата за водство од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани