65
„Сицилијанците“ за гостувањето на Сан Никола беа без првиот играч Илија Несторовски, но во отсуство на „Нестогол“, заблеска вториот Македонец, Александар Трајковски.
Тој вечерва постигна прекрасен волеј во победата од 0-3 против Бари, триумф со кој Палермо се врати на врвот на табелата во Серија Б.
Гостите отпорот на Бари го скршија по еден час игра кога Рисполи донесе 0-1.
Во 69. минута, Трајковски од 11 метри прекрасно зафати еден волеј и ја „искина“ мрежата, а точка на натпреварот стави Коронадо со убав гол од далечина во 75. минута.