140
Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски се раздели со Хајдук, во следната сезона ќе има нов клуб.
Трајковски му се заблагодари на Хајдук и на сите во клубот, вели дека сакал поглавјето да заврши со титула, но…
„Тоа беа две прекрасни години кои ми донесоа нови искуства. И покрај се, благодарен сум. Ви благодарам на сите, соиграчите, тренерите и стручните штабови и фановите. Ви благодарам на сите за поддршката која ми ја дававте. Посакував ова поглавје да завршеше со шампионска титула. Ви посакувам многу среќа и многу успеси во иднина“, напиша Трајковски.