Македонската репрезентација ја продолжи добрата серија на резултати и во Казахстан на гости славевме победа од 0-1.
Влезе Македонија како фаворит во натпреварот во Астана, а почетните минути на дуелот донесоа шанси и на двете страни. Алиоски прв се закани со удар од далечина по пет минути игра, Елмас набрзо потоа повторно упати удар, по него и Чурлинов, меѓутоа резултатот не се промени. Првата посериозна прилика Казахстан пред голот на Димитриевски ја создаде во 30-тата минута кога Сомородов се закани.
Само три минути подоцна го видовме и одлучувачкиот момент на натпреварот кога искусниот Александар Трајковски со одличен волеј удар донесе водство за Македонија. Со предност од еден гол, Македонија замина и на паузата.
Казахстан прв се закани во вториот дел кога Сомороддов погоди пречка. Во продолжение видовме по некоја прилика и на двете страни, Казахстан беше поконкретен, домаќините погодија и статива во 84. минута преку Садбаев.
За наша среќа реализација немаше, па со трите бода од овој натпревар доаѓаме до осум по четири кола и прво место во групата каде што ќе останеме барем до вечерашниот натпрева на Велс и Белгија. Зад следат Велшаните со седум бода, Казахстан има три, Белгија е на еден но со само еден одигран натпревар и Лихтенштајн последен без бодови.