Трајковски: Белгија е силна, мора да го извлечеме најдоброто од нас

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за престојните квалификациски натпревари против Белгија и Казахстан.

Александар Трајковски вели дека мотивацијата нема да изостане, а фудбалерите мора да го дадат максимумот на престојните натпревари, па дури потоа да мислат на одмор.

„Сега е крај на сезона, меѓутоа овој циклус е важен за нас и мораме да се фокусираме максимално. Играме против Белгија во Скопје и тоа е важен натпревар, а потоа ни следи Казахстан. Тешко е, но по овој репрезентативен циклус може да се одмориме. Сега треба да го дадеме максимумот и да го извлечеме најдоброто од нас. Имаме доволно време да се подготвиме. Имам играно во Белгија, но помина многу време, репрезентацијата е променета. Тие имаат млади играчи и мислам дека ни следи поинаков натпревар. Секогаш постои мотив, на секој натпревар, посебно кога играте против посилна репрезентација“, кажа Трајковски.

Македонија ја пречекува Белгија на 6 јуни од 20:45 часот, а три дена подоцна му гостуваме на Казахстан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани