6
Ајаздин Нухи, поранешен фудбалер кој, меѓу останатите клубови, настапуваше и за Партизан, извршил самоубиство и починал на 46-годишна возраст. Како што пренесува „Телеграф“, Нухи бил пронајден во семејната куќа во Борча. Наводно, се обесил.
Ајаздин Нухи е роден на 10 октомври 1979 година, а кариерата ја започна во Чукарички. Потоа, во 2001 година, премина во Партизан, каде што поминал три сезони, а во меѓувреме настапуваше и како позајмен играч во Легија од Варшава и Сартид Смедерево.
Потоа кариерата ја продолжи во ОФК Београд, каде што помина три години за по уште неколку кратки епизоди да се повлече од фудбалот во 2014 година.