Трагедија во семејството на Монтела, по несреќа во сопствениот дом почина неговата сестра

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, се соочи со голема семејна трагедија, откако неговата сестра Катерина почина во болница по неколкудневна борба за живот.

Според информациите, таа се здобила со тешки повреди во несреќа што се случила во нејзиниот дом, по што била хоспитализирана, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Со официјално соопштение се огласи и Фудбалската федерација на Турција, која изрази сочувство до италијанскиот стратег и неговото семејство.

„Со длабока тага ја примивме веста дека Катерина Монтела, сестрата на нашиот селектор Винченцо Монтела, почина во болницата каде што беше лекувана по трагичната несреќа во нејзиниот дом“, соопштија од Федерацијата, додавајќи дека погребот ќе се одржи во четврток во близина на Неапол.

Оваа семејна трагедија доаѓа кратко по настапот на турската репрезентација на Светското првенство, каде што селекцијата предводена од Монтела беше едно од најголемите разочарувања и не успеа да ја мине групната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×