Трагедија во Холандија: Во сообраќајка загина фудбалер на Ајакс и неговиот брат

by
1 минути читање

16-годишниот Ноа Гасер важеше за голем фудбалски талент на кој му се предвидуваше светла иднина. За жал тој утринава го загуби својот живот заедно со неговиот брат.

Сообраќајната несреќа се случила во близина на градот Утрехт кога автомобилот со кој се возеле Ноа Гасер и неговиот 18-годишен брат се судрил со такси. 

Двајцата браќа починале на лице место, таксистот е надвор од животна опасност.

„Ајакс е длабоко пододен од трагичната смрт на младиот Ноа Гесер. Нашите мисли се со неговото семејство, пријатели и роднини“, соопшти Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×