Тажна вест пристигнува од Бразил, 27-годишнииот фудбалер, Рејем Лукас загинал по скок од познатите водопати Панкада Гранде.
Несреќата се случила за време на излет со пријатели, кога Лукас по влегувањето во водата повеќе не излегол на површината.
По неколкучасовна потрага, спасувачките служби и локалните волонтери го пронашле безживотното тело на младиот спортист.
Лукас бил препознатливо име во локалниот тим Сонека Паредао, а истовремено и популарен спортски инфлуенсер со илјадници следбеници.
Истражните органи отворија истрага и наредиле обдукција со цел да се утврдат точните околности на трагичната несреќа.
Од него се простуваат пријатели и соиграчи, кои велат дека ќе го паметат по неверојатната енергија и љубовта кон спортот.