182
Се’ поизвесно е дека
Франк Кеси нема да потпише нов договор и да ја продолжи соработката со Милан,
со тоа што „Експрес“ наведе дека Тотнем е во напредни преговори за ангажман на
фудбалерот од средниот ред.
Милан му понуди
на Кеси нов договор со годишна плата од 6.5 милиони евра, меѓутоа барањата на
фудбалерот се мошне повисоки од таа понуда, па така тој смета дека заслужува
помеѓу 8 и 9 милиони евра плата по сезона.
За услугите на
Кеси интерес пријавуваат уште Арсенал и ПСЖ, но Антонио Конте го постави Кеси
како главен таргет за засилување во тимот, а спортскиот директор на клубот
Фабио Паратичи наводно е на добар пат да го осигура потписот на фудбалерот.