Тотнем прв во чекалната: Едно сценарио ќе го принуди Вулверхемптон на продажба на Траоре

by
1 минути читање

Вулверхемптон ќе
размисли за продажба на Адама Траоре уште во јануарскиот преоден рок во случај
крилниот напаѓач да не потпише нов договор, бидејќи тој и натаму продолжува да
одбива преговори.

Клубот од „Молењу“
тргна со три порази од исто толку натпревари во новата сезона од Премиерлигата,
а со оглед на фактот што нивниот поранешен тренер Нуно Еспирито Санто е
предводник на Тотнем, шпекулациите за трансфер на Траоре во тој клуб се
зголемија.

Како и да е,
актуелниот договор на 25 годишниот Траоре истекува во 2023 година, а повеќе од
јасно е дека Вулверхемптон нема да сака да ризикува да остане со ова отворено
прашање до идното лето.

„Бирмингем мејл“
пишува дека откако новиот тренер Бруно Лаге тргна во обидите да го етаблира
Траоре како клучен фудбалер во Вулверхемптон оваа сезона, клубот сега посакува
да ја реши иднината на Траоре на подолг рок, меѓутоа, газдите на клубот не
сакаат да гледаат како договорот му истекува, а статусот останува непроменет.

Тотнем пријави силен
интерес во август за ангажман на Траоре, откако во завршницата од летниот
преоден рок понудија 30 милиони фунти, меѓутоа Вулверхемптон не отстапуваат од
бараните 50 милиони фунти за својот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×