Тотнем плаќа 50 милиони за играчот кој беспари го напушти клубот во 2018 година?!

by
1 минути читање

Нoни Мадуеке е роден
во Лондон, беше дел од школата на Тотнем, но во 2018 реши да се пресели во
Холандија и да започне авантура во ПСВ. Офанзивниот фудбалер одлично се снајде
во Ајндховен и со своите одлични партии го привлече вниманието на најголемите
клубови ширум Европа.

Тотнем исто така
пројавува интерес и застана во редот, но „спарси“ ќе треба да платат многу доколку сакаат да го
вратат 19 годишниот Англичанец во своите редови.

ПСВ нема намера
лесно да се откаже од својата млада ѕвезда и постави цена од 50 милиони евра,
која може да се покаже како превисока со оглед на тоа дека клубовите се погодени
од финасиската криза која настана поради пандемијата на ковид-19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×