Во изминатите денови се пишуваше дека големи се шансите Конте да седне на тренерското столче на Тотнем, се водеа интензивни преговори, но резултатот е негативен.
Конте сакал со себе да донесе повеќе од 4 свои лица во стручниот штаб. Разликата во плата меѓу тоа што го барал и тоа што му го нудел клубот е три милиони евра. Имал и барања за нови засилувања кои Тотнем сметале дека се премногу амбициозни за нив.
Антонио Конте сака да има конкурентен тим за титули и неговите барања се високи, но очигледно дека Даниел Леви смета дека и со она што го има може да се носи со најдобрите.
За разлика од Конте, спортскиот директор на Јувентус, Паратичи ќе се пресели во Тотнем, таму ќе биде неговата следна работа. Тој ја прифатил понудата на Спарс.