Тотнем не успеа да дојде до трите бода иако од 39. минута играше со фудбалер повеќе поради втор жолт картон на Салису.
Саутемптон одлично го почна натпреварот, играше подобро и поведе со гол на Ворд-Праус во 25. минута.
Но работите се променија откако Салису го доби вториот жолт картон, тој воедно и направи пенал кој го реализираше Кејн за 1-1.
По осум минуи игра во вториот дел Кејн даде уште еден гол, но му беше поништен поради милиметарски офсајд.
До крајот на мечот Тотнем имаше уште неколку шанси за гол, но Форстер беше на висината на задачата и не дозволи неговата мрежа да се затресе.
Вест Хем со 4-1 победи на гостувањето кај Ватфорд. Домаќините поведоа со гол на Денис во 4. минута, но потоа со голови на Соучек, Бенрахма, Нобл и Васиќ, чеканите дојдоа до убедлива победа.
Убедлив беше и Кристал Палас кој со 3-0 го совлада Норич. Сите голови беа постигнати во првиот дел, а погодија Едвард, Матета и Шлуп.