Тотнем му поставил услов на Постекоглу, веќе има и двајца кандидати за негов наследник

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Тотнем, Анге Постекоглу е пред отказ, а во медиумите се најавува и кој би можел да го наследи.

Тотнем има разочарувачка сезона и се наоѓа на 14-тото место на табелата и ако не ја освојат Лигата на Европа и тоа ќе биде главен приоритет на Постекоглу во овој момент. Во четвртфиналето од второто по ранг европско натпреварување  Тотнем ќе се соочи со германски Ајнтрахт Франкфурт.

Во случај на елиминација извесно е дека Постекоглу ќе добие отказ и на негово место ќе дојде нов тратег.

Медиумите на Островот најаувваат и дека негов наследник може да биде некој од Андони Ираола и Марко Силва.

Бормут сигурно сака да го задржи својот тренер и газдата Бил Фоли потврди дека одржал состанок со шпанскиот стратег околу продолжување на договорот.

Марко Силва полесно би можел да го напушти Фулам бидејќи во својот договор има клазула од шест милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани