Тотнем ќе враќа свој поранешен тренер, Нуно Еспирито Санто не им е по ќеиф

by
1 минути читање

Тотнем сака да го врати Покетино. Аргентинскиот стратег нема блескав почеток на сезоната во ПСЖ иако победата над Манчестер Сити ги стивна шпекулациите дека ќе добие отказ.

Покетино сега за сега е безбеден, но дали долго ќе остане во ПСЖ ќе зависи од тоа како ја менаџира ѕвездената соблекувална и какви ќе бидат резултатите во Лигата на шампионите, бидејќи во француското првенство не се очекуваат проблеми.

Даниел Леви го донесе Нуно Еспирито Санто за да го врати офанзивниот стил на игра на Тотнем, но Португалецот е дефанзвен стратег и тоа не го промени ниту во новиот негов клуб.

Тотнем по шест одиграни кола има три победи и три порази, само четири постигнати голови и девет примени. На трите последни меча примаше по три гола.

Победата од 5-1 над Мура не мерило, но хет-трикот на Кејн можеби најавува негово будење кое треба да го покаже на утрешниот меч против Астон Вила.

„Дејли Мејл“ пишува дека Тотнем чека да се ослободи Маурисио Покетино, а тогаш веднаш ќе му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто и ќе го врати својот поранешен тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани