Тотнем ќе му ја исполни првата желба на Конте

by
1 минути читање

Антонио Конте сака да создаде тим кој ќе се бори за титули, Тотнем е пред вратите на Лигата на шампионите, потребен им е само бод од гостувањето кај Норич за да го задржат четвртото место.

Раководството на Тотнем е подготвено да инвестира во тимот, а првата желба на Конте е да се задржат Кулушевски и Ромеро кои оваа сезона играат на позајмица.

Според Фабрицио Романо, Тотнем ќе инвестира околу 80 милиони евра (обесштетување плус плати) за да потпише перманентни договори со Кулушевски и Ромеро.

Кулушевски игра на позајмица од Јувентус за која Тотнем веќе плати 10 милиони евра, треба да додадат уште 35 милиони евра за комплетно да го откупат.

Во договорот за позајмица на Ромеро со Аталанта, имаат опција комплетно да го откупат фудбалерот за 16 милиони евра.

Но задржувањето на Кулушевски и Ромеро нема во целост да го задоволи Конте, тој ќе сака уште неколку квалитетни засилувања во текот на летниот преоден рок.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани