Специјалистот за
трансфери Фабрицио Романо тврди дека Тотнем имал во план за напаѓачот на Интер,
Лаутаро Мартинез да потроши 90 милиони евра, со тоа што би го урнал сопствениот
рекорд за трансфери.
24 годишниот
Аргентинец постигна 40 погодоци во сите конкуренции за „Нероаѕурите“ изминативе
две сезони, а одличен беше и во партнерство со Ромелу Лукаку кој потпиша за
Челси.
Романо тврди дека
бонусите кои биле на масата за преговори се покажале како комплицирани во сиот
преговарачки процес, а најмногу оние кои зависеле од освојување на трофеи на „Спарси“.
Понудата од
Тотнем била во склоп на барањата на Интер, но Романо објаснува дека клубот од
Милано го блокирал трансферот по продажбата на Лукаку.
Се верува дека
Лаутаро имал и лични разговори со спортскиот директор на Тотнем, Фабио Паратичи,
а Романо во својот подкаст „Here We Go“ тврдеше
дека „Спарси“ понудиле 70 милиони евра обештетување, а дополнително и 20
милиони евра во бонуси.
„Комплицираниот“
дел во преговорите, како што вели и самиот Романо, во однос на бонусите, 10
милиони евра биле предвидени како лесно остварливи, а се однесувале на
настапите на Аргентинецот, меѓутоа останатите 10 милиони евра се однесувале на
она потешко сценарио за Премиерлигашот, а тоа е освојување на титули.