Toтнем ја спаси сезоната – го победи Манчестер јунајтед и ја освои Лигата на Европа! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Тотнем конечно имаат причина за славје, „спарси“ ја освоија титулата во Лига Европа совладувајќи го Манчестер јунајтед со минимални 1-0 во финалето одиграно вечерва во Билбао.

Иако „црвените ѓаволи“ беа поактивни и имаа иницијатива на теренот, лондонскиот тим со речиси перфектна дефанзива и максимална ефикасност го однесе пехарот дома. Единствениот погодок на мечот го постигна Бренан Џонсон во самиот финиш на првото полувреме, кога најдобро се снајде по едно нафрлување и успеа да го совлада Онана.

Интересно, тоа беше и единствениот удар во рамките на голот oд избраниците на Постекоглу.

Тотнем со оваа победа не само што стави крај на долг пост без титули, туку и ја спаси сезоната, имајќи предвид дека заврши на 17. позиција во Премиер лигата. Сепак, со триумфот во Лига Европа, „спарси“ обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани