Тотнем ја оствари целта, победа над Стоук за пласман во полуфиналето од Карабао Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мурињо излезе со променет состав, дел од клучните играчи го почнаа мечот, но шанса од првата минута добија и Винкс, Бејл, Деле Али и Санчез.

Во првиот дел Тотнем доминираше, постојано се играше на половината на Стоук но беше постигнат само еден гол, по асистенција од Винкс, Бејл погоди со глава за 1-0.

Иако водеа 1-0, играчите на Тотнем се чувствуваа премногу комфорно на теренот а тоа можеше да им се удри од глава. Стоук по првата своја шанса изедначи на 1-1, Томпсон погоди во 53. минута.

Тимот на Мурињо се помачи некое време додека го врати водството. Бен Дејвис во 70. минута со шут од далеку погоди за 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Хари Кејн на десет минути до крајот.

Покрај Тотнем, вчера место во полуфиналето изборија Брентфорд и Манчестер Сити, а вечерва се игра последниот четвртфинален дуел во кој играат Евертон и Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×