Тотнем ја наполни мрежата на Пикфорд, тежок ден за Евертон и Лампард (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дека работите нема да бидат добри за Евертон оваа вечер беше најавено уште во 14. минута кога Мајкл Кин си постигна автогол за водство на Тотнем од 1-0.

Само три минути подоцна по асистенција од Кулушевски, Сон зголеми на 2-0.

Во 37. минута Доерти додаде до Кин кој искусно погоди за предност од 3-0, веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч.

Уште во првата минута од второто полувреме Евертон прими нов гол, нова асистенција од Кулушевски за Регилон кој штотуку влезе и постигна гол со својот прв допир со топката.

Во 56. минута Доерти уште еднаш го пронајде Кин кој овојпат со волеј удар ги постави конечните 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×