Тотнем и Евертон во битка за потписот на Заха

by
1 минути читање

Специјализираниот
фудбалски портал „Гол“ наведува дека Тотнем и Евертон водат битка за потписот
на 28 годишниот фудбалер на Кристал Палас, Вилфред Заха, кој и самиот навести
дека посакува нов предизвик во својата кариера.

Иако беше близу
до трансфер во Арсенал претходно, тоа на крајот не се случи, а сега како главни
кандидати за неговиот потпис се споменуваат Тотнем и Евертон.

Неофицијално, се
верува дека крилниот напаѓач во летниот преоден рок ќе биде достапен за
заинтересираните клубови за цена од околу 40 милиони фунти.

Како за
потсетување, Заха беше на радарот и на Евертон во 2019 година, меѓутоа Кристал
Палас не отстапуваше од бараната сума во висина од 80 милиони фунти, во
меѓувреме, сериозен кандидат за неговиот потпис е воедно и Тотнем кој одблизу
ја мониторира ситуацијата.

Заха сезоната во
Премиерлигата ја комплетираше со 11 погодоци и две асистенции на 30 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×