Тотнем го победи Ајнтрахт во Франкфурт и се пласира во полуфинале! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Тотнем со 1-0 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт и со вкупни 2-1 оди меѓу четирите најдобри во Лига Европа, таму место избори и Атлетик Билбао кој со 2-0 го совлада Ренџерс.

Мечот во Северен Лондон заврши нерешено, 1-1, па се чинеше дека Ајнтрахт е поблиску до полуфинале, но англискиот тим тоа што не го направи дома, го направи на гости.

Единствениот гол на мечот го постигна Соланке од пенал пред крајот на првото полувреме.

Атлетик Билбао ја оправда улогата на фаворит и со 2-0 го победи Ренџерс, мечот во Глазгов заврши без голови.

Сансет во судиското продолжение од првото полувреме погоди од пенал за водство на Атлетик од 1-0.

Конечниот резултат го постави Нико Вилијамс на десет минути пред крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани