Тоти тврди дека на Мурињо му е потребно време во Рома

by
1 минути читање

Легендата на
Рома, Франческо Тоти инсистира на тоа дека шефот на стручниот штаб на „Римската
волчица“, Жозе Мурињо му е потребно време, а одбива да отфрли дека ќе се врати
во клубот.

Ова беше посебно
за мене, ја немав гледано Рома на стадион цели две години, а кога го гледам
овој тим тука, се чувствувам како да сум во мојот дом, им се заблагодарувам на
навивачите за нивното добредојде и се надевам дека ќе се вратам наскоро
“ рече
Тоти кој во живо го проследи убедливиот пораз на „Олимпико“ со 0-3.

Како навивач, би
можел слободно да кажам дека не поминуваме низ едно добро време, но доколку не
страдате, вие не сте вистински навивач на Рома
“ додаде Италијанецот, по што
побара трпение за Мурињо.

Ние сме
навикнати на сево ова, но сигурен сум дека клубот и Мурињо посакуваат да дадат
одредена сатисфакција на навивачите, ајде да им дадеме некое време, потребни ви
се квалитетни фудбалери за да освојувате трофеи, не би сакал да покажам
непочитување кон тимот, но во него моментално не гледам ш
ампиони, само добри
фудбалери кои можат до резултат во одредени ситуации“ подвлече Тоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани