Торонто официјално го потврди ангажманот на Инсиње, Италијанецот стана најплатениот играч во историјата на МЛС

by
1 минути читање

Лоренцо Инсиње си
заминува од Наполи по крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Северна
Америка. Попладнево пристигна и официјална потврда, Торонто соопшти дека има
пред-договор со напаѓачот за четиригодишна соработка.

Детали не беа
откриени, според пишувањата на медиумите, Италијанецот ќе има плата од 11,5
милиони евра, плус додатни 4,5 милиони евра во бонуси.

Со вакви примања,
Лоренцо Инсиње ќе биде далеку најплатениот играч во историјата на МЛС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани