150
Денеска Феран Торес го официјализираше големиот трансфер од Барселона во ПСЖ вреден 50 милиони евра.
Напаѓачот напушти гигант како Барселона, за преселба во ПСЖ, па многумина сметаа дека парите се причината за заминувањето.
Сигурно тоа има големо влијание, но Торес вели дека пресудна е неговата желба повторно да работи со Луис Енрике.
„Отсекогаш велев, за мене Луис Енрике беше како татко во светот на фудбалот. Кога добив шанса да работам со него во националниот тим, тој секогаш ми даваше голема самодоверба. За мене е фантастично тоа што повторно ќе работам со него“, рече Торес.