279
По саботните 0-0 против Специја, Торино одлучи да се раздели со тренерот Марко Џампаоло бидејќи во моментов се во зоната за испаѓање.
„Торино одлучи да го отпушти Марко Џампаоло од позицијата тренер на првиот тим. Клубот сака да му се заблагодари на Џампаоло и неговиот тим за професионалноста и посветеноста која ја покажаа во изминатите месеци“, стои во соопштението на клубот.
Торино оваа сезона има само две победи, седум нерешени и дури девет порази. Елиминирани се и од Купот на Италија.
Се шпекулира дека во наредните денови за нов тренер ќе биде назначен Давиде Никола.