Симоне Инзаги доколку вечерва со неговиот Лацио го победеше Торино, ќе им овозможеше шанса на неговиот брат Филипо Инзаги и Беневенто во последното коло сами, во директен дуел со Торино да го решаваат опстанокот, но тоа не се случи.
Лацио се трудеше да победи и имаше големи шанси за тоа, но среќата беше на страната на Торино.
Пред самиот крај на првото полувреме Лацио даде гол, но беше поништен поради фаул од Имобиле.
Во 83. минута Лацио доби пенал, но Имобиле ја погоди стативата со ударот од белата точка.
Во 96. минута Лазари со глава шутираше и тој ја погоди стативата, после таа шанса славјето на Торино можеше да почне.
На коло пред крајот познати се сите три кои испаѓаат во Серија Б, тоа се Беневенто, Кротоне и Парма.