Торино го победи Милан по 18 години, „росонерите“ испаднаа од топ четири! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан падна дури на позицијата број 6 на табелата откако вечерва загуби на гостувањето кај Торино. „Биковите“ по 18 години ги победија „росонерите“ во Серија А, и триумфот не можеше да дојде во подобар момент.

Торино со овие три бода ги задрша шансите за висок пласман и местата кои водат во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа во 58. минута преку Белоти од пенал, а победата ја осигура Беренгер десетина минути подоцна.

Претходно во денот, Наполи го испрати Фросиноне на чекор до Серија Б откако славеше со 0-2 на „Бенито Стирпе“. Лацио остана во трката за топ четири пласман откако со 1-2 ја победи Сампдорија на гости.

Киево и Парма одиграа 1-1, а ист беше резултатот и на мечот помеѓу СПАЛ и Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани