Торес плачеше по мечот со Наполи, Чави го спореди со Суарез (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Феран Торес го даде единствениот гол за Барселона против Наполи, погоди од пенал, но промаши неколку идеални шанси за да донесе победа.

По последниот судиски свиреж Торес почна да плаче знаејќи дека не беше на нивото на кое треба да биде.

„Тоа му се случуваше и на Луис Суарез. Во првите неколку месеци не можеше да даде гол. Дресот на Барселона е тежок. Но поради начинот на кој го изведе пеналот и како работи за тимот, се надевам дека ќе може уште многу години да игра за Барселона“, вели Чави.

„Тој треба да има верба и да работи на тоа. Знае како да постигнува голови, цел живот го прави тоа и ќе продолжи да го прави. Тој ја има нашата апсолутна доверба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани