Торес: Дојдов да помогнам Барселона да се врати таму каде што заслужува да биде

by
1 минути читање

Феран Торес е првото големо засилување за Чави, шпанскиот репрезентативен напаѓач вели дека не ни размислувал кога добил повик од Барселона.

„Отсекогаш сум велел дека одам во Манчестер Сити за утре да се вратам во еден од најголемите клубови во Шпанија. Уште од првиот момент кога Барса ми кажа дека ме сака, не ни размислував, веднаш сакав да дојдам“, изјави Феран Торес на претставувањето.

„Сакам да ѝ помогнам на Барса да се врати таму каде што заслужува да биде. Не ми е грижа на која позиција ќе играм. Играм како напаѓач, но секогаш сум велел дека мојата позиција е десно. Но кога можете да играте на повеќе позиции, тогаш повеќе сте му од помош на тренерот, тоа сакам и да бидам. Не ми е грижа каде ќе играм“.

„Не се грижам за конкуренцијата, во секој голем клуб секогаш има и голема конкуренција, и тоа ве прави подобар фудбалер. Се надевам дека ќе дадам допринос за радосни моменти“.

„Во Сити научив многу, Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, тој ме играше на повеќе позиции, имам многу убави спомени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×