Манчестер
јунајтед на втор меч по ред во Премиерлигата прави пресврт во второто полувреме,
денеска на гостувањето кај Вест Хем на пауза замина со 1-0, а на крајот славеше
со 1-3.
Кам-бекот започна
со прекрасен гол на Пол Погба, Французинот од преку 20 метри пласираше прецизно
крај стативата за 1-1. Сепак голот е многу спорен, се чини дека топката го
напушти теренот кога голманот Дин Хендерсон расчитуваше на зачетокот од
акцијата.
ВАР проверуваше,
но видео технологијата не е наменета а вакви ситуации па остана судиската
олдука долу на теренот.
„Топката ми
прелета над глава, јас стоев крај аут линијата и никој не беше во подобра
позиција од мене. Помошникот рече дека не видел, но топката го напушти теренот.
На играчите им беше јасно дека топката е излезена. Ова го промени текот на
натпреварот. Помошникот мора прво да погледне дали топката го напуштила теренот
а потоа дали е офсајд или не. Не знам кај гледаше тој“ – вели тренерот на Вест
Хем, Дејвид Мојс.